Иако беше очигледно кому му беше упатена оваа забелешка, Јана побрза и да дообјасни.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Недоразбирањата и пријателките секогаш одат рака под рака? - рече Јана гледајќи кон мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Комесарот Темелко, кој инсистираше поетот да јуриш во првите редови како доказ дека поезијата и револуцијата одат рака под рака, нареди повлекување.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Се присети дека времето и љубовта секогаш не одат рака под рака.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Вербата, која оди рака под рака со разумот, го напушти.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Д. Филип дури не беше ни забележал оти одат рака- подрака со раководителот, дека се имаат симнато по скалите и дека веќе се наоѓаат на плочникот пред зградата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
107. Замешувањето на Бугарите и Србите во Македонија беше предизвикано од некои околности: Македонците одеа рака за рака со Бугарите во црковното прашање: оттаму проширувањето на власта на Егзархијата во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)