Утрото треба да одам пак кај Роса, да потажам. Свеќа да ѝ запалам. А свеќа, пусто, нема.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ако не ти чини, вели Манол, оди пак во партизани.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Нели мамо, нели најмила мамичке, нели нема веќе вистински да одиш пак во Индија? – одвај се воздржав да не се расплачам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Се вративме и му кажавме на командирот во што била работата, ама јас замолив во зорите да ни дозволи да одиме пак.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Растргнат од многубројните неуспешни обиди да направи слика, сликарот сега првпат осети нејасна радост од средбата со онаа непозната мома, која секое утро поминуваше со својот сад, му пожелуваше добро утро како на стар познајник и си одеше пак нагоре тихо, незабележано...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Билјана стои, ги гледа цветовите и ми се чини за момент не знае што да прави: дали уште да се распрашува или да оди пак да бере.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Не знаеме како да се вратиме назад. Оди, оди пак на исто дојди. На исто место си се вратил.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)