Имено, двата пристапа кон сликарството се упатени кон најдлабоките слоеви на човечката душа и одејќи сѐ повеќе од онаа страна на рационалноста покажуваат дека остварената ирационалност и парадокс можат да имаат зачетоци во други, не помалку длабоки типови на значења кои можат да ги ускладат и смират очигледните спротивности како што се животот и смртта; реалното и имагинарното; минатото и иднината.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Бидејќи ветрот им одеше сѐ наспроти бродот, мораа да пловат засолнети од Кипар и тој помина долго време загледан копнежливо кон копното, кон Тарс, кон градот во кој ги остави мајка си и татко си кога на тринаесет години замина за Ерусалим.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ќе бараш поука во историјата
ќе одиш сѐ подалеку и подалеку
сѐ по-залудно.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Сфативме дека далеку сме од нашите места и кога по железниот пат затракаа железните тркала на возот, сфативме дека одиме сѐ подалеку.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сме ти оделе сѐ пешки.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)