Неминливата убеденост на дел од геј-мажите дека веќе ја надминале тажната нужност на традиционалната геј-култура излегува, накратко, дека била само илузија – конститутивно погрешно препознавање преку кое секоја геј-генерација симптоматично ја повторува редукционистичката програма на идентитетот, само за да ја одигра својата неугодност од таа програма, и на крајот да ја отфрли, без никогаш да си признае што прави и што чувствува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Премногу сведоци ме опкружуваат за да можам да ја одиграм својата игра заборав.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Беше оставен Чанга да ја одигра својата лебедова игра со козите, да ги собере сите кози и козарите, дотогаш успешно сокриени, па сите да бидат фатени.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Попчето — Крле попов одлично ја одигра својата ролја.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Критичките модели се чини го одиграа својот асимилиран пораз.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Минатиот труд на негацијата реверзибилно се покажа како припитомена афирмација.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)