одлепи (гл.) - од (предл.)

Јас можам да се одлепам од подов и да полетам како меурче од сапуница ако сакам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пораки, збогувања, бакнежи, солзи и, така, возот се одлепи од скопската станица. Бил молер, па шивач...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Удира со копачката по него и го одлепува од ѕидот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се одлепи од стутканото ќебе и отиде да чешмата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ќе срипаше од постелата, ќе свикаше не баре му дошло крајот, а со крикот ги будеше и соседите кои знаеја дека Сане се одлепил од земјата, го изгубил здивот и оти ќе му треба долго време на земјичката да си се врати.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Виде деца како играат по тротоарот: Русокосото беше сонце и токму кога младиот човек минуваше крај него се одлепи од плочникот. Од косата му засветли злато.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Разгледајте ја банкнотата од еден долар. Од врвот, одлепен од останатиот дел на пирамидата со ореол (антиракетен штит?), будно нѐ гледа окото на Големиот глобализатор.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Благодарение на американизираното преименување на митските имиња + незнаењето на преведувачот, во епизодата за подземниот свет, Кербер се викаше Субрес, Деметра – Демида, Кентаврот – Сентор, а Персефона – Постстефани!!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Тц, тц, тц... - Му се присонило! Само ни ги крева дертовите! - викна еден силен Албанец, плукна и се одлепи од групата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо се одлепи од стисокот на телата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пасивно, и се одлепи од ѕидот. Пасиво, биди актива и удри пред да те удрат.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но сонот никако да им се одлепи од клепките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Поканата се оддлепи од вратата и падна на земјата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Жената полека се одлепи од тезгето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се одлепи од тезгето. Му пријде прво на оној во износената туѓа облека и се наведна над неговата празна чаша.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа една мува се одлепила од таванот и паднала низ шишето на ламбата. Право на фитилот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)