Спретните движења на касиерката, извежбани така за до бескрај да го одржуваат истиот монотон интервал на потсвирнување на читачот на бар-кодот, и лицата на останатите во редот кои изгледаа како секој миг да ќе ја нападнат ако не дај боже се случи некаков застој, не оставаа можност за разговор за, на пример, времето, смртта на Харолд Пинтер или тукушто откриеното племе во Бразил.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
А за црковниот Собир што се одржа истата таа година во Цариград и на кој како битолски претставител присуствуваше Тодор Кусев, белградскиот весник „Јединство“ од 19.5.1871 г. ја донесе следнава дописка: „Цариград, 7 мај.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Втората светска војна е последниот пример којшто покажува како рамнотежата во светот се одржува меѓу ГОЛЕМИТЕ на сметка на помалите и како првите изнаоѓаат модус вивенди за да ја одржат истата супериорност, барајќи начини како да ја продолжат во нови општествено-политички услови.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)