Црни, прави, издолжени зеници
кабаре бастуни, караван плајвази
камбани нечујни, витки
ќулафки од грб гледани
стожерниот дел на крстот
језуити озрачени со водена светлост
најстрогиот Ред во историјата
на езерото, чудо во Охрид!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Капетанот го крена својот капетански двоглед, ја догледа уморната птица на врвот од јарболот, а под строгите веѓи лицето за час му се озрачи со топла насмевка.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)