Но Крсте разбра од мрморењето дека сака да му го распаша појасот и да му ги ослободи рацете. Co помошта на секирчето појасот беше пресечен и рацете на Ристета беа слободни.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Смрштен, директорот нервозно се заниша и направи налутено движење, да ја ослободи раката стегната од дајреџијата. Но не можеше.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Послабиот милиционер од длабочината на џебот го извлече клучето од лисиците, му ги ослободи рацете на Брзакот кој потоа се поколеба, за момент ги преврте очите нагоре, се прекрсти и седна на предниот стол, но со претходно големо двоумење и загледување како да не верува дека му е понудена столица.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
МИТРЕ: (ја ослободува раката и ја турнува Мара од себеси).
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Ја поткренав малку главата и видов од колата едноличност – невисоки ридишта во далечина што личеа на џиновски желки, жолти и голи, без сенки под себе.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Не ги молев да ми ги ослободат рацете и нозете.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
РИСТАЌИ: (се обидува да си ги ослободи рацете, потоа со очите им дава знак на Саветка и Антица да го нападнат Илија).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Кошницата ја остави на седиштето.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Шмркаше, и затоа можеби брзаше да си ги ослободи рацете.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)