Моиве очи се клуч, а очите клучалница на вратата која ќе ја ослободи мојава заробена душа растргната помеѓу две сили.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ако можев да убивам за да не бидам убиен; ако можев преку нишанот да ја решавам мојата судбина а не преку божјите заповести и светиот крст, беше дури и праведно да ја ослободам мојата мантија од душевните прегрешенија!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Раскинувана на меѓата помеѓу две спротивности, мракот и светлината, лагата и вистината, а длабоко во себе знаев дека со мене владеат очајот и љубовта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)