Ништо не му давало за право на ЦК да го смета Солун за исклучиво негово подрачје за дејствување и да им го оспорува правото на други, на гемиџиите, да се борат во ист град.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Не можам да сфатам како можи некој да си дава за право да ти го оспорува идентитето, обичаите, начино на живот, културата, да ти го оспорува правото на живејш и работиш таму каде шо си роден, да те брка од дома, да те смета за помалку важен од себе.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
И во основа „сите тие ги оспоруваат правата на Македонците да формираат автономна држава во рамките на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тие, исто така, инсистираат дека етничките, психолошките и историските причини не се доволни од Црна Гора да направат независна единица“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Но, исто така, Меклин го исвестил Тито дека Британците, од своја страна, ѝ го оспоруваат правото на Бугарската влада да ѝ трансферира бугарски територии на федерална Македонија без одобрение од Обединетите нации.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Одговорот од страна на претседателот на НКОЈ, Јосип Броз Тито, до Меклин бил доставен на 29 јануари и истиот ден препратен до Форин офис.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Стејт департментот зазел став дека Македонија ќе може да има автономен статус во рамките на Југославија, но ѝ го оспорува правото на легитимитет на Македонија на секоја територија што е во границите на Грција, т.е. да се смета за територија што ѝ припаѓа на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
И покрај ставот на Стејт департментот дека немаат ништо против отстапувањето на делот на Македонија под Бугарија на федерална Македонија, сепак таму сметале дека тоа прашање не требало да се прејудицира сè додека не се реши прашањето со Бугарија, како земја која била на страната на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Девојката која се обиде да ми го оспори правото на отсутност!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сепак тој смета дека на Владарот никој не смее да му го оспорува правото да владее.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)