остави (гл.) - го (зам.)

- Остај го мојот кабает, - ми вели тој мене. – Јас на време се тргнав.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Остави го тоа дервиш ефенди! - му одговори Турчинот со засуканите мустаќи.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Остави го, те молам... немој да ми го споменуваш, - рече Гоце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Простете ми, дервиш ефенди! - му се обрати Турчинот со засуканите мустаќи.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тогаш тој рече: Оставете го на мира, никој да не ги беспокојува коските негови“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Очекував дека овој ќе рече, остави го, ќе рече, не знае што зборува, тресе зелени, но место тоа, тој самиот прокркори од смеа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Да, тој ме удираше смислено во мојата Ахилова пета, во моите чевли, и јас можев само виновно да се усмевнувам, како да велам - оставете го, а самиот навистина почнував да чувствувам дека чевлите ми тежат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сега остави го овде нека умре сам како пес на буниште.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Остави го, болна е мајка му, - рече Коле.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Остави го, - реков. - Немој да го викаш. Не доаѓа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Остави го, - го запре чичко Лозан и повторно се сврте кон Колета: - После? - Не знам.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Дедо ми полека ѝ пријдува и ѝ шепоти: - Остави го детето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А еве, страв му е... Згрешил ли нешто?... Остави го ти ова... Цвеќиња. Сонце...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Па затоа малку трапаво рече: - Остави го сега срцето! Елена не одговори.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Што, не сакаш пиво?“ „Пивото остави го за ловците.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Тито”, извика таа, „остави го глушецот.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не приоѓајте му, Три жени со бели шамии околу главите Седат во полето и го чуваат него Спроти долгото патување низ темнината, низ бесконечните растојанија од студот до огнените знамиња на плодот, не приоѓајте му, Утрово ќе ги искачи ридовите и ќе застане на она место каде што застануваат јулските квечрини да ја гледаат девојката со срп во рацете како оди низ полето и застанува боса среде реката на залез сонцето за да ја оплоди и така размножена да истече со реката до свирепите мориња на усмата, Оставете го, Однесете му тогај вода, дајте му сол, и чист во душата нека си легне во полето да слуша како пеат светулките меѓу ожнеаните стебленца на пченицата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Не приоѓајте му, Оставете го. Три жени со бели шамии околу главите Му претскажуваат, црвена жед од која ќе изгори земјата и дека низ провалиите на исушени мориња со векови надоаѓаат заточеници да го видат како се скаменил чекајќи ја да мине девојката на залез сонцето што ја оплоди.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тој Јонче тетовецот заклучил дека она за другарот а и за горивото за мене се однесува. Треба да се провери.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Им реков на двајца од моите да повнимаваат што точно ломоти тој другар Богдан.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Остави го тој проклет коњ - се свртувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„А што очекуваш од самјак пораснат в планина?“ „На грнето и капачето, нели?“ „И на скршеното грне капачето се тркала“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јован ми рече, оној Јонче од тетовско, божем слушнал како Богдан од Комитетот рекол: „Оставете го другарон, почна да му истекува горивото!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веројатно некои од присутните си дошепнуваат: „Остави го, неприпитомено дивјаче“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Остави го! - ѝ велам. - Не буди го! И пак патуваме, патуваме...
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Та остави го тоа пусто цигаре, пусто останало та се запустило!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
СОФРЕ: Е, остави го ти турското, тогаш други времиња беа!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Предизвикувачки нѐ гледаше и мрмореше: - Авива, Адис Абеба, Акропол, остави го детето ти велам. - Го пцуе, реков јас.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Остави го, братче. Се плаши, одмавна со рака Паљо и ми заврте грб. - Плашливец е.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
В бесполезно плачење зошто венеете така? Плачот остајте го еднаш!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Не повикувај го, остави го во темните ходници на потсвеста!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Го оставив цртањето. Го оставив не затоа што поверував дека ако престанам да цртам ќе се спасам од бесмислата на постоењето, престанав да цртам затоа што секогаш кога ќе посакав да го земам моливот в рака се сеќавав на зборовите на мојата мајка, и прстите ми се вкочануваа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Остави го цртањето, ако сакаш да си ја спасиш смислата на својот живот.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Да го приколам ли оној нивни што јачи? - Остави го, нема зошто.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не се разбегале и не легнале кој каде ќе можел да ја засолни главата, измршавени и изветвени, со ненадејно чувство на папсаност, а Васко Тушев, забест божем под подотворените усни држи парче пресен кромид, се веднел над својот баџанак, нем и сув, додека од карпите се разнесувал гласот на оној што стрелал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оставете го. Тој сега ќе трча до пеколот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Остави го тој твој дедо нека си почине. Не сме дојдени заради него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На шијата му се протегаа брчки: можеби навистина многупати и се бесел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Обеси се“, му рече Арсо Арнаутче. „Сега остави го Никола Влашки да каже што му е на детево.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ослободен во набожната покорност да господари и да ги држи дизгините на туѓите судбини, не можел да сфати зошто се буни крвта на неговиот имењак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А кога Арсо Арнаутче зачекори, домаќинот го зграпчи за мишка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Оставете го добитокот и одете си, инаку еден по еден ќе ве исклукам со туфеков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ослободете толку коли колку што имаме ранети.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Госпоѓо Христова, повлечете се во кујната. И не зборувајте му на никого ништо. Оставете го сево ова на мене.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ФЕЗЛИЕВ: Остави го, пиштолот, по ѓаволите. Или пукај, или остави го.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
(Изнервиран.) Остави го, ти се молам, пиштолот. Ти така несмасно ракуваш со него, што би можело и несакано да направиш нешто.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Докторката му вели: - Оставете го палтото.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Започна Петјушка Јашчиков да си ги симнува горните алишта, сепак, така да се рече, да се урамнотежат другите долни недостатоци.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Аман, аман! Оставете го, ќе ми штукне девојчето! Имајте милост!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Честитам, млада дамо! - Ајде! Остави го тоа персирање, веќе долго се познаваме.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Остави го сето тоа! Муви се тоа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Револвери, викнав. Не стрелајте го мојот ден, в грбник, оставете го.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Да е тука Лазор Ночески сигурно ќе рече: „Сега оставете го сонот настрана, за другпат и за на друго место.“
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Љупчо, ај пушти си телевизија и остави го детето раат!
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Револвери, викнав. Не стрелајте го мојот ден, в грбник, оставете го.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Остави го, продадена душо! - викав, викаа и другите деца, собата личеше на лудница.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Нашата соба е мала како кутија“ , пак повторија браќата. „Зоолошката градина беше затворена.“ „Однесете го на крај град и оставете го“ , прсна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Стоеја потпрени еден на друг и се срамеа. „Остави го, Мироне“ , рекоа. „Тој е сакат.“ Во очите им лежеше лилава меланхолија и молеше - остави го Мироне, а тој, насилник со жед на сувите усни, уште еднаш праша со закана крстосувајќи ги рацете на гради: „Што сакаш ти?“ На ниското чело можеше да му се прочита дека знае да биде до крај безмилосен кон противниците.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
" А некаде пред Нова Година кога разбрав колку е сериозна работата го молев Господ: "Господе, те молам остави го уште една година, нека поживее, не ми го земај сега, ниту по мое, ниту по твое…, те молам уште една година…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И сега, кога си помислив на пролетта којашто доаѓа, повторно се помолив: "Господе, остави го уште малку да поживее, да и се израдува на пролетта, заради сите маки што ги трга, да излезе малку на светлина, да го види сонцето, пак да го почувствува животот надвор од болничката соба".
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
20. Оставете го нека спие долго во часов час не е ниту век пред вечноста на ова постоење ново Од ридот тој над водите им збори за зората на страдните и морни под месецот што сонат дален сон
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Мојот живот, мојот карактер, можеш да го фрлаш во кал колку што сакаш, уште претходно со сѐ се согласувам, но еве ова се наоѓа надвор од твојата компетенција, така што подобро остави го.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А еден од аскерите, повозрастен просто го пресече чаушот: — Брак, бре чауш ефенди, бу чуџ ук дер максамдер, бре' (Остави го бре водниче ова дете макцамче).
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Остави го страмот, веќе 'ќе си го носа, токо ми е стра ќе се огреша нешчо та може да го налутиме свети Ѓорѓија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Токо, остави го него нека си мисли тој за себе, а оти што направи ти со тоа некни шо прикажуаме?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Го уби“. Исцеди од себе како крв.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„А му реков -остави го. Не ме ни послуша. Морав да го убијам.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не беше говорлив и не и рече: тој освен тебе, Марија број два, има и други, туку: „Остави го, или мене остави ме. Бесмислено е вака.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Заедно ги свртеа очите кон неа и заедно видоа она што не очекуваа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Остави го на моите усни сите твои приказни. Се плашам, се плашам, се плашам.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Марија порасна зад тие очи и тихо, без молење, побара: „Остави го. Сега остави го.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Оставете го побратимот да влезе в куќи! Ќе има време на сите да ви одговори, - нѐ прекина Мајка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Их, бре синко! - изнервирано викна мајка му. - Остави го Дорчо, волкот нека го јаде! Не гледаш што стана? - Видов! - одговори Трајче
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Имам ли причина да го спомнувам токму ова?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Оставете го патентот самиот да се справува со предизвиканата непријатност, објаснуваше Катерина додека го сместуваше здолништето на потпирачот на столот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не го дознав поводот ниту причината, но вујко ми еднаш, во разговор со неговата трета жена, одмавнувајќи со раката, се обиде да ѝ објасни некоја необмислена постапка на брат ми: „Остави го тоа момче што толку лесно заскитува негде над своите вистински можности!“
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Прибери се, Нумо, и остави го Кузета, кутриот, намира.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Остави го тоа, да извиниш госпоѓо, за друг пат, само ќе ти речам пред да се разделиме засекогаш, дека јас не одам на гости во автомобилот на маж ти, мора човек да се држи до редот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Земи да ораш, остави го волот - впрегни крава.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Што да праваме, попе?“ го праша Танаско. „Ништо. Остави го“, рече попот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Впечатокот што мора да ѝ го оставил го измачуваше со денови.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ма, остави го ти килимот, - викна друга од нив, која веќе стоеше во кујната и гледаше надолу, - види колку е чист подот овде!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сѐ уште држејќи ја кваката, со блажена насмевка ги затвори очите и си помисли, како нема некој пријател, сега да му се јави и да му каже колку му е убаво.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Не готвиме горе, во новата кујна, туку тука, во старата, - ми го подобјасни тетка ми тоа што беше повеќе од јасно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој го подава јазикот во нејзината уста.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Аман Олга, остави го човекот, го исплаши, доста веќе со тие твои глупости, - рече тој со ист тон како да му се обраќа на чаршафот пред него.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Оставете го гостинот, рече тој, првин нека се одмори, па потоа ќе видиме што ќе биде и како ќе биде.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Оставете го тоа на мене и – да побрзаме. - Побрзајте, но полека.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
(Јаков превртува кревети, куфери. Прави лом. Нове поаѓа кон него. Божо го задржува.) Остави го. Ништо друго не му останува.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Море ти остави го шетањето по светот и објасни што се тоа пролетери? - Пролетери ли? - Аха!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Кускуле, ама не сакаш да си ги мериме,.. Ајде, де? - Не пречи. Остави го човекот да раскажува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Остави го него, кутриот - рече Кољо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе го следи неговиот глас и ќе го најде на брегот до огромна пастрмка, дваесет-триесет инчи долга.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Остави го за секунда,“ тој ќе рече. „Ова мора да го видиш.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа ќе го положи бебето на меката плевел.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Ма, остави го сега тоа, - одмавна со рака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Што чудна жена си, само се поплакуваш, - пак ѝ свика дедо. - Остави го Веданче на мира.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Рошав, - му свика Абраш на оној со мозолчињата којшто замавна кон мене со синџирот околу раката, - остави го, Молња е мој!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И ќе го суредеше, ама, којзнае што му текна, се замеша дедо ми: - Иљо остави го детето! – му рече тој на татко ми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Остави го него, велам, дојди и ти во Југославија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Остави го, викам и трчам уште со лажицата в уста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Трчај, остави го детето, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Остави го и, тоа пак, почнува да плаче.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Џипот кашла и свири, а јас чинам остави го детето и пак земи го в раце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оставете го оружјето и дојдете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Остави го! - ѝ велам. - Не буди го!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ми се пристори ли или навистина нешто зашушка во шумата близу нас, не знам, ама не чекав веќе ни миг туку ја зграпчив Дена за рака и почнав да ја влечкам по себе, речиси трчајќи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Море каква светулка, остави го тоа сега, веднаш се враќаме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)