Поправо, сите се согласија дека Драганка ископаната земја и бозјето врз неа толку вешто пак ги вратила наместо, што не оставила никаква трага.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Можеби на мене и на многумина наши луѓе Изложбата за мебел не ќе ни оставеше никаква трага во сеќавањата ако, пред нејзиното затворање не се случеше нешто во што, по игра на случајот, станевме и ние актери.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Фотографиите се распоредени во навидум случајни групи во металните рамки, без некој обид да се обработат хронолошки или по теми.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
И не само што Бојс не оставил никакви индикации за начинот на нивното излагање на плочите, тој исто така ги отфрлил и назнаките кои би можеле да ги идентитикуваат делата и збиднувањата што се претставени.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Но, каде е таа! Каде таа се сокри? Каде ли замина „џенем“, како можеше зад себе да нѐ остави никаква трага.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тие се подготвувале да се жртвуваат за Македонија и, освен своето дело, не сакале да остават никаква трага за себеси во историјата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тоа нему му беше доказ дека зад себе не оставил никаква трага, иако добро знаеше дека јас сепак видов што се случи.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Лозунг што хрватската култура никогаш не го слушнала и што во нејзината традиција не оставил никаква трага.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
XVIII. Им забрануваме на сите наши поданици, без оглед на нивната положба или професија, со сила или заведување против волјата на родителите да ги одведат децата од оваа вера и да ги крстат или да ги потврдат во католичка, апостолска или римска Црква; подеднакво важи и за припадниците на споменатата Црква, што се прогласува за реформирана, за сите се предвидени егземпларни казни. (...)
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
VI. И да не оставиме никаква можност за немир и спорови меѓу нашите поданици, дозволивме и дозволуваме на сите припадници на споменатата вера, што се прогласува за реформирана, и инаку се однесуваат според она што е запишано во оваа одредба, да живеат и да бидат настанети во сите места и краишта на нашето кралство и земјите што ни се покорни, без да бидат малтретирани, навредувани или да бидат присилени да сторат какво и да е верско дејание спротивно на своето убедување, ниту да бидат заради тоа барани во својот дом или таму каде што сакаат да живеат. (...)
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
XXII. Наредуваме да нема никаква разлика во однос на споменатата вера при примањето студенти на универзитетите, гимназиите или училиштата, како и при примањето болни во јавните болници, во болниците за лепрозни и во јавните милостини. (...)
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)