Согласен сум, брате мој, со предлогот, не сме ние тие кои ќе предложат во историјата брзо да се промени смислата на овој збор.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Табиетот ќе си остане табиет во владеењето на Балканот, времињата ќе се менуваат, но табиетите ќе си останат табиети, а нам ни преостанува да ја оставиме отворена судбината на овој збор во нашата листа!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се буди Богдан исплашен. Слуша низ прозорецот што го остави отворен за воздух, му допираат лаежи на кучињата од Којо Пипиле растрчани во дворот, како да му излегле од сонот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Бидејќи му немаше спас, постојано, кутриот, се надеваше да избега: се надеваше еден ден некој од клучарите да ја заборави да ја заклуча вратата од самицата, да ја остави отворена...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Сосетката Стела истрчува во пењоар во потрага по својата загубена чедност и граѓански права, разминувајќи се со мајстор Величков (витален водоинсталатер по потекло од Драгалевци, Република Бугарија), којшто е во дилема дали водата од горниот кат капе затоа што тивкиот Јапонец од апартманот број 8 оставил отворена славина или пак ритуално се самоубил во плитката када.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
- Тогаш, - предложи мајка ѝ, ќе го оставиме отворен прозорецот и ќе чекаме извесно време во кујната.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
До вечерта му набавија и кафез, но вратничката се договорија да му ја остават отворена.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Вечераше од неа пред прозорецот, што го остави отворен, за да не изгуби ниеден здив од таа настасана југовина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Домата ја остави отворена.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
„Материјалното богатство и сетилното задоволство за нас имаат мошне особена функција“, објаснува Бартлет; „тие ги надоместуваат другите облици на немаштија“.262 Бартлет намерно ги оставил непрецизирани тие други облици на немаштија – сигурно имал на ум цела палета општествени и политички лишености – но ја оставил отворена можноста дека можеби има некој мошне особен „глад што зјае под“ нашата потрага по сопствености (175).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како што „прекумерната сентименталност што била неопходна состојба на сентиментите не дозволувала никаков вистински предмет“ – сентименти кои бродвејскиот мјузикл ги негувал кај своите протогеј-обожаватели, според Д. А. Милер – упорната желба на геј-мажите за скапоцени сопствености потекнува, според Бартлет, од едно постојано чувство на темелна фрустрираност поради тоа што предметите кои најмногу ги посакуваме нам ни се особено недостапни.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Амбасадорот Мајевски ја беше оставил отворена вратата на салонот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Мајка ја беше оставила отворена, пред да замине засекогаш, својата книга на животот, каталогот Ла Ринашенте за италијанската пролетна мода од 1949 година, која успеваше да се носи со сите Таткови книги, да ја одржува рамнотежата со нив.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)