Времето помеѓу дефинитивниот пад на Отоманската Империја и создавањето на нова Турција, ќе остави силен печат врз Татковата личност.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Веднаш штом го добивме Вашето писмо, во взаимноучетелното училиште „Св. Климент“ свикавме општо собрание на кое одржавме кратка но остра реч и во истото тоа време ги објаснивме Вашите писма - и тоа до стрешините и тоа до нас кое е и подолго и понасрчувачко и остави силен впечато.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сарказмот, одвај видливата насмевка на крајот од усните, блесокот во стеснетите очи, одмерените движења на рацете и честите шрекини со менливата боја на гласот, оставија силен впечаток кај сите присутни.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Падавичарот Кољо беше карикатурален лик кој сакаше да остави силен впечаток во јавноста по својата елоквентност и начитаност, но неговата беспрекорно јадна харизма сериозно му го нарушуваше планот за некој посериозен успех.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
На крајот од долгиот и успешен живот да остави силна трага.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Се кикотеше толку што мораа да ја смируваат; на Фискултурецот пак, му остави силен впечаток што Луција толку многу и слатко се смееше, па го повторуваше тоа и на следните неколку часови; но ефектот не беше ист, иако Луција се смееше како навиена.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Небото, земјата, морето, целиот овој свет е голема и преславна книга Господова во која со молчење ни се открива проповеданиот Бог, оти сѐ што може да се види е сведоштво за невидливото“, рече, и тоа очигледно остави силен впечаток врз логотетот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ваквото внимание им оставило силен впечаток на нашите осуденици.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
-Тоа се наталожените наслојки на незадоволства, уцени, чуството на нерасположеност, отфрленост, инфериорност или, пак, искористеност, доживеани во раното детство, младост или подоцна, коишто оставиле силни траги врз нас – одговори старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
-Тоа се наталожените наслојки на незадоволства, уцени, чувството на нерасположеност, отфрленост, инфериорност или, пак, искористеност, доживеани во раното детство, младост или подоцна, коишто оставиле силни траги врз нас – одговори старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Овој настан му оставил силен впечаток.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Но уште понеобично е тоа што оттогаш наполно престанало појавувањето на чиновникот-мртовец; очигледно, генераловиот шинел сосема му дошол по мерка; во најмала рака, веќе никаде не можело да се чуе некој некому да му грабнува шинел.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)