Во неговите песни извираше и се разлеваше гнев, закана и верба на луѓето од неговата земја, оставена далеку зад морето.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Престигнувавме и остававме далеку зад нас други коли со дипломатски ознаки.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Дали ќе успее уште еднаш да ги премери силите со оние што почнуваат некогаш заедно со него, но беа поталентирани ли, поиздржливи ли, посреќни, и го оставија далеку зад себе?
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ја сфатил нејзината голема пожртвуваност да го остави далеку татковскиот дом и со храброст што ќе била преголема и за маж, за овој Лозан Перуника на пример, да ја следи дружината најсигурно со поаѓањето од Лесново.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се собирала пред него во лушпата на стравот, и малечка и намалена, со очи што не можеле, не барем ноќе и во таква прилика, да ја кажат тајната на младото срце.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога стаса дома и кога се фати за рачката од вратата, кога влезе во куќата - почувствува дека смртта ја остави далеку зад себе, дека е спасен.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Повторно јуревме со Бешир, овојпат по спротивен правец, кон Картагина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)