останува (гл.) - единствено (прил.)

А непрекинатите соништа за неговото влегување во селото, за средбата со првиот човек, и за неговото пристигнување дома, во кои тонеше сиот овој како вечноста издолжен ден, покриваа сѐ и остануваа единственото, што можеше да го знае.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Останува единствено да прати некој друг, мора утре рано да го бара Гога, да му ја сврши таа работа како за себе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)