Иако името ветува дека тој прирачник е за геј-сексот, книгата, всушност, била замислена како сенаменско упатство за машкиот геј-живот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Прават списоци со машки геј-јунаци и луѓе за пример.437 И отвораат четири очи за да најдат траги од сопствената историја.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За тие цели, геј-мажите создале жив, многуопфатен експлицитен корпус од пишани, филмски и музички дела, знаменита акумулација на научни и критички трудови, како и институционални простори за натамошно проучување, размислување и откривање.
Понатаму, постои обемна популарна литература чија цел е да шири меѓу геј-мажите корисни сознанија за геј-мажите, од совети за дотерување, преку геј-историја, до што да се очекува од една геј-љубовна врска.436 Оригиналното издание на Радоста на геј-сексот (The Joy of Gay Sex), објавено во 1977 г., содржи не само илустрирани написи во кои се опишуваат разни сексуални пози туку и објаснувања што се тоа дискотеки, зошто геј-мажите одат таму и како треба човек да се однесува во нив, како и написи за особената важност на пријателствата во животот на геј-мажите или за тоа како човек да се справува со љубомората, а, сепак, да има среќна врска што не е сексуално исклучива.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Некои геј-мажи навистина си ги почитуваат историските претходници, како што сведочи книгата на Бартлет за Вајлд.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)