6. Преградените простории во бараките, некогаш што биле спални, сега беа претворени во ателјеа; со тоа што дрвените легла на катови беа извадени, а на нивно место се отвори простор за долгата тезга со алат, за грнчарско колце на ножен погон и за купот глина во аголот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Нѐ свртуваат. Отвораат простор за бомбардерите.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Таа го истакнува Меѓународниот фестивал за современо драмско пишување „Корпус текст“ и додава дека токму тој отвора простор за организирање творечки работилници, јавни читања и дебати.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Демистификацијата на Декартовите митски (мета) принципи и системот на мислење кој е заснован врз нив (23) отвораат простор за поинакво доживување на себе и другите.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Од друга страна, глупациве му отворија простор за дејствување на кој до пред некој месец не можеше ни да се надева.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ваквата формулација отвора простор за дополнителни притисоци кои работничката, отсутна поради бременост или родителство, би можела да ги трпи од страна на работодавачот, пред се, ако тие решат да се спротистават на хегемонијата на волјата на „газдата“ и се одлучат да го искористат ова свое загарантирано право тогаш кога тие сметаат за потребно; ● четврто, се воведе право на неплатено родителско отсуство на работничката заради грижа за детето, до три месеци, по завршување на отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство до периодот да наршување на тригодишна возраст на детето.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Тој, сепак, бил скромен во своите барања: побарал само да му ги средат книгите, односно да го отворат просторот од вратата во собата до креветот и бањата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)