Со зимски ненадеен удар, востаниците го исчистиле градот од заптии, од чалми и султански пушки, и откажале покорност на отоманијата, и ја одрекнале власта со сите права на грабеж и терор врз градот и врз планините околу него, над домовите и над бачилата, и чекајќи ја големата битка со аскерот што се натрапувал наоколу, испратиле на сите страни гласници и читачи на Манифестот, со кој се повикуваат на борба сите поробени, поточно тоа биле момчиња под шеснаесет години за кои било смислено, во случај на повторно паѓање на градот под власт на јатаган, војнички и башибозучки, да се спасат од крвави одмазди за да го продолжат коленото на другите, утре не живи и поробени туку мртви и слободни.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Во еден период, група француски генерали им ја откажале покорноста на претпоставените и на сојузниците.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)