На јужната страна на валогот, таму каде што поточето веќе навлегуваше во Рамните Ливади, во папратот што пред десетина години го разорале за да садат компири, откриле траги од некаква стара населба.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во еден миг застана реката, го исполни коритото, се поткрена на бреговите, разгледа наоколу: што се случи, се прашува самата, каде е човекот, и со денови шеташе сама низ полето, ги раскопа друмовите, ги раскорна плочите, а кога му ги откри трагите таа се повлече во коритото, спокојна и плавна, загледана во човекот што го чита Борхеса: тенкото жуборење на водата што го довикува споменот на пустината.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
ФЕЗЛИЕВ: Срамота. Ако веќе сте решиле да го ликвидирате Младичот за да не ви ја открие трагата, сторете го тоа доблесно, машки.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Го заградија просторот околу нив, го забранија пристапот, и со години тука истражуваа археолозите, мереа, кружеа, сè дури не открија траги на возрасен човек со секира крај себе и скаменето новороденче крај него.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)