Ги одбираше Тој зборовите, ги лачеше еден од друг, ги довикуваше од просторот од тишината и од вековите, од облеката и од празниците, од сите пештери и од сите жетви ги собираше, им се умилкуваше, ги галеше, им шептеше, ги средуваше во мали врзопчиња, ги подучуваше и им се подналутуваше, им зборуваше и им појаснуваше дека за сите нив има голем порив да ги разигра, да им открие поинакви и поинакви значења за да не талкаат расфрлани и неразбрани низ сечија свест и низ сечии копнежи.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Во камповите „Евридика“ и „Олимпик“ се открива поинаква слика.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ноќта е долга,есенска, за еднниот студена, за другиот и студена и вечна, во неа човекот може да се открие поинаков отколку што мислел дека е од првиот час на узнавањето до пред умирањето, наеднаш, на чекор од скончувањето, да најде во себе нејзино суштество што живеело некогаш или што ќе живее еднаш во иднината на времето и изменетите пространства.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ги одбираше Тој зборовите На Јасмина Шопова
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Попрво, таа открива поинаква содржина, алтернативно значење – контратематика – во самиот стил на естетскиот предмет.
Посветен на стилот и „неутрален во поглед на [отворената, експлицитна] содржина“, естетизмот на машката геј-култура си го доживува секој предмет што го цени – било да е ламинатно-винилна трпезариска гарнитура од 1950-тите години, било да е сервис садови фиеста од 1930-тите, било да е спот од Мадона или песна од Има Сумак, куќа од американски ранч од 1950-тите или француски дворец – како кохерентна, внатрешно доследна стилска целина, како пројава на историски и културно специфичен систем на вкус чија отелотвореност во предметот е толку целосна што самата таа целосност по себе предизвикува задоволително препознавање и овозможува своевидно сопствено задоволство.269 Таа готовност естетскиот суд за одреден предмет да му се подреди на вреднувањето на севкупноста со која предметот отелотворува единствен, интегриран естетски или историски систем е она што ја навело Зонтаг да заклучи дека „Кампот не дејствува во смисла на убавината270, туку во смисла на степенот на извештаченост, на стилизираност“.
Всушност, машкиот геј-естетизам е склон да ја заматува разликата помеѓу убавината и стилизацијата, дотолку што значењето или содржината ги сместува во самата форма, наоѓајќи вредност во секој предмет што покажува совршена сообразност со даден естетски поредок, со даден стил.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не се обидува да проѕре низ стилот на предметот до неговата содржина, да го разлачи неговото успешно естетско остварување од неговата одбивна политичка порака и од неговата вплетканост во еден омразен општествен поредок.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Оттука, инсистира секој предмет поединечно да го гледа во естетската рамка на самиот предмет, како естетски склоп, како ефект и израз на интегриран естетски систем.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)