Го стави дневникот во фиоката. Беше сосем бескорисно да помислува да го скрие, но може барем да знае дали неговото постоење е откриено или не.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ете, да објаснам: тоа беше тој неизречен шепот што ми го донесе светлосниот бран за да ме разведри.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дури откако мојот спроводник повторно реферираше, но овој пат погласно, дека го привел затвореникот, иследникот бавно се сврти.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Со какви грижи се соочуваат несреќниците задолжени да им создаваат потешкотии и грижи на недолжните луѓе кои тргнале да откријат или да наѕрат барем од далеку во некој малечок дел од своето минатото?“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
heisenbug - (според Хајзенберговото начело на неопределеност) bug што исчезнува или го менува однесувањето, кога сакаш да го откриеш или изолираш; види mandelbug
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Тогаш ги повлекол рацете со желба да ја ослободи од чувство дека ќе ѝ нанесе некое зло.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Откако ја ослободил од стисокот на шепите, ја видел во колебање дали да остане кога е веќе откриена или да избега, како досега, исцрпена и гладна, да ја следи дружината на свој вешт начин со кој и во присутноста ѝ останувала невидлива и доследна на својата цел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се разбира, знаев дека ќе се врати пијан и дека ќе ми раскаже само онолку колку што само нему му одговара а остатокот ќе го премолчи за да може уште утредента да се извинува, да надополнува, да открива или да измислува онолку поединости колку што тој сметаше дека за тој ден е доволно...
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
- Навистина не сум во состојба да сфатам - реков - каков непријатен проблем открива или може да создаде појавата на една девојка в бело во претсобјето на еден старец кој веќе го фатил патот на заминувањето.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Можеби се обиде да открие или да премери нешто од моите состојби но очигледно тоа не му појде од рака.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)