Откако добро се подготвиле, двајцата гемиџии, со помош на уште четворица други македонски заточеници, тајно ги откопале гробовите на Арсов и на Бошнаков, им ги отсекле главите и се прибрале во привремените живеалишта.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Веќе сме наседнати да конферираме, а крај нас едни двајца се размавале со мечовите и секој час треба да се види кој кому ќе му ја отсече главата.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Револуцијата, според него, ја упропасти Франција залудно трошејќи ги националните вредности во име на еден божем правилен поим за нацијата: „Оној ден кога му ја отсече главата на својот крал, Франција изврши самоубиство“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ѓурчин победил, му ја отсекол главата, ја ставил в зобница и ја однесол во Солун кај Лобуд-паша (со кој Ѓурчин бил добар пријател) бидејќи знаел дека неговата глава била уценета од турските официјални власти.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Едно нешто што му помогнало било убиството на Синан ефенди, одметник, иако тој лично не му ја отсекол главата, како што тврди, туку тоа биле двајца платени луѓе, Есад и Бардуљ, Албанци од Метимир.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- Господе Севишен, па ова е Томо. Му ја отсекол главата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Му ја отсеков главата и му ја однесов на Беадин-паша во Солун.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)