Како да не претпоставувал што може да се случи или како да сакал да се случи нешто заради што ќе му се памети името.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Иако тежок на чекор, навидум дури и истоштен, Јаков Иконописец не можел да биде слаб во рацете додека со опнати коленици се подавал напред со вилата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Еднаш, пред некоја своја најдобра пријателка, заборавив како се викаше, истата таа девојка од куплерајот, (Розе ли, Сузи ли, татко ти никогаш не паметеше имиња), божем изјавила дека постои можност да го напушти ова штипско буниште сместено дури во грдото Горно Маало.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„И тоа мое заминување од Штип, ќе го сторам“, рекла Сузи, „со Црвенокосиот“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)