Телото на Фезлиев паѓа со тап удар врз подот. Луков се враќа во собата.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
- Далеку е тоа, Петре, му одговорил Иван, мене тешко ми паѓа со мислата таму да отидам, а не по патишта да одам, по небеса да летам ...
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Пиеше таа сѐ, но ништо не помагаше: паѓаше со сѐ што во тој миг ќе ѝ се најдеше во рацете: слугарка со чаши, стомна, малите дечиња.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Таа го граба јорганот од неговиот кревет и брзо излегува со него, грчевито стегајќи го како да гушка нешто мило, го носи во својата соба и таму паѓа со него на кревет, и плаче, плаче.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)