Нели гимназист? Нели знае да пее писмо?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
аа такви има како нема Игејци коуку сакаш ки и најдете у ступанствуту ејми ги извадија тиа бишијнта и на нејнто место ги кладеа них има уд секаква семка не зн′м шо нема ки и најте как не ки и најте ама не ги наоѓаат кочините за бишијнта се там ама Игејци нема и бишијна нема и додека момата го пее писмото тие ја наоѓаат Демир Капија велат поуна су Игејци и навистина там ги има ногу тоуку ногу шо тукашни ни да мирисниш ама кучинте навистина имаат друга ава не е онаа шо е надруф таа уд надруф у носут дупка ти праве тоуку силна може уд збуботента вода на Вардарут која турка две планини близначки с′те уд камин шо са крева дур до небту и пу адна цапутинка џурка уд другта срана и врве надолу ду Гивгилија и у Гивгилија Игејци поуну Власи најногу ејми Ума уд ва срана а селто на Димустен уд другта срана, како да го слуша Пелагија неизговорениот шепот на Танаско.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Не дека не знае сам да го пее писмото, ама поубаво му е кога друг го чита а тој да може да си замислува, да го гледа тоа што се кажува во писмото.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)