Четири дена немавме никаков контакт, и сега јас ја избегнував, затоа што сакав да ѝ ставам на знаење дека сум лут; го избегнував и Земанека, затоа што и тој, на еден сосема извесен начин, ме изневери, оти се пријави да пее народна песна, а не предложи, на пример, да изведеме и една џез композиција, јас, тој и контрабасистот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А автобусот одеше кон Стоби. Во Стоби бевме цел ден; Земанек нѐ забавуваше сите, пеејќи народни песни; го придружуваа на гитара и хармоника, и наскоро, сите пееја и играа оро на ливадата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Милан поткашлувајќи си го подготви грлото, си ги замазни мустаќите со горниот дел на дланката и почна да ја пее народната песна.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Да пее народни песни, плескајќи со рацете по водата?
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
- Честитки! Честитки! Нека е живо и здраво! – викаа на цел глас, играа оро околу креветот на кој се наоѓаше мајката на У и ги пееја народните песни што ги свиреше оркестарот.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)