пее (гл.) - приспивен (прид.)

Тие, за да му олеснат на народот, му пееја приспивни песни и не му даваа да се разбуди за да не страда.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа ми раскажува, а јас запишувам: намуртено збрчкано чело значи дека сонувала песочна бура што затрупува нечија колиба; изговарање на моето име значи дека сонувала пожар во сончогледово поле; помрднување на левото крајче од усните во вид на блага насмевка значи дека сонувала глутница волци што ѝ пее приспивна песна...
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Нема веќе кој да те спаси. (Излегува пеејќи приспивна песна. Двајцата зографи гледаат по неа.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
— Та дотера дури до таму како и она ќе лула нејзини деца и ќе им пее приспивни песнички.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)