А одочесниците низ полето, како и додоларките накитени со зеленило, со венци од младо жито и од полски цвеќиња, опремени со крстови и икони, пееја своја песна: Крсти носам, бога молам: Господи помилуј! Господи заврни!
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ги слушав штурците, тие ја пееја својата песна.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Клупата не беше удобна, а таа не знаеше од кои причини Кети го постави плетениот стол на тревникот, но нејзе оваа клупа ѝ се допаѓаше затоа што таа беше сместена крај малата воденичка за мелење на жито, која ја пееше својата таинствена песна, и беше поблиску до бавчите.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Болат и ја пеат својата химна, свечено и победнички.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Германецот убиен ноќеска крај бензиските складишта ја отвара устата и ја пее својата Лили Марлен.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Во близина немаше жива душа: со страв во срцата, жителите на Шумшул- град останаа зад залостените врати на своите куќи.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Кој знае не ли ќе се сретнат еднаш тие на вселенска журка, на која Сатурн и Венера ќе пеат своја песна: Сонцето ум изгубило и се заљубило!
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Понискиот од овие два гласа ја пее својата тема во C мол (што истовремено е и тоналитетот на сиот канон), додека повисокиот ја пее истата тема, со тоа што е помесетен нагоре за една квинта.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Кога ќе се раскрили големата птица тишината почнува да си ја пее својата песна: откако ќе се раскусури со тишината кондорот го бара она што никој не го нашол.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
8. Студено е И пред мапата на ова старостојбиште Ја пееме својата последна утрена.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)