Понекогаш ја сонува како му шепоти на увото тивко, нежно, мило, возбудливо, исто онака како што му зборуваше во Прага, а понекогаш гласот го здружуваше со здебелениот глас на Стела, но не му шепотат, ами му пеат тажни песни облечени во црно како калуѓерки; му пеат како на гроб, како да му дошле на погреб.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кога ќе малаксаат од пиење и пеење, кога ќе се вангелосаат убаво, стануваат, и сите заедно одат на гробиштата; одат на гробот каде што требаше да лежи Лоте; седнуваат крај него и плачат, ронат солзи; жалоста уште повеќе се зголемува кога Лоте одненадеж ќе се струполи над гробот, ќе се оптегне колку што е долг и широк: ќе ги прекрсти рацете на мевот, ќе ги вклешти вилиците, ќе ги затвори очите и ќе го запре дишењето; луѓето тогаш му пеат тажни, погребни песни, му палат свеќи, му принесуваат цвеќиња.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ќе пееш тажна песна од Хари, за гревовите и снеговите, како оној ланскиот кога санките летаа по удолнината, а ти влечеше некои туѓи, со туѓи, за туѓи.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)