И тивко, така, колку за свој ќеф и мерак ќе си потпишувам и ќе си потпевнувам: Пилето ми пее рано на сабајле И ми ја буди младата невеста...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Не му излегува од глава на чистачот на чевли на Plaza de Armas сликата на љубовниот занес на папагалите што утринава ја виде во градината зад катедралата во центарот на Лима (му дојде да ја запее онаа македонската: пилето ми пее рано насабајле, ама не ги знаеше зборовите) сетуку погледнуваше на евтиниот рачен часовник од погледот му се цедеше ту меланхолија, ту нервоза оти навистина не му беше јасно зошто денеска доцни на редовното чистење чевли господинот Хозе Марио Педро Варгас Љоса - сетики се сеќавате, тоа е оној господин со убав шешир и уште поубави очи, оној што прв го виде лудакот на балконот со жалузини над крчмата Катедрала во центарот на градот, оној што се давеше во чича и папсуваше од vals peruano кога ќе почнеа веселите карневали во Лима која веќе ја нема.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)