Се печеа на сонцето во жешко време, се пикаа еден во друг кога ќе застудеше навечер, се покриваа со ќебиња и мутафи кога ќе заврнеше дожд и стануваа жива вода; кога ќе заплускаа громови крај нив, се крстеа и го молеа бога да ги одминат; дење ловеа риби, ги следеа со очи облаците кои се згуснуваа и разретчуваа, го гледаа нивното престорување во некакви чудовишта и нагаѓаа ќе има ли дожд или не; го гледаа сонцето кое час се заплеткуваше во облаците, час подизлегуваше за да светне и да покаже дека е тука; ноќе пред за заспијат гледаа во ѕвездите, кои како што одминуваше ноќта, сѐ повеќе се намножуваа и стануваа поголеми и како да се спуштаа надолу; ја гледаа месечината која секоја ноќ се тенчеше и го изоструваше својот светол срп триејќи се од облаците; го слушаа секој шум на водата што во ноќната тишина јасно се разносуваше час потивок, чад посилен и по него дознаваа дали езерото ќе се вознемири или не.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Сега ме гледаше мене како се мачам, како се печам на нивната жар, и не можеше да издржи да не продолжи.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Еден ден додека се печеше на сонцето потпрен со грбот на колипката и дремеше, чу плискање на весла и доаѓање на чун; потоа виде како низ трските се пробива кон него некаква жена облечена во црно.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Пелагија офна и рече Да, мајко Персо, се пече на два огна.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Посакуваше тоа да трае, да боли. Да ја пече на тивок оган, цедејќи ја капка по капка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Јас таква боја добивам само кога сум на летување и откако ќе се печам на плажа повеќе денови, а на Игбал тоа очигледно му беше неговата природна боја.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
А јас со свој ракопис ја пополнив и на ситно им испишав како ми е напорно и како по цел ден се печам на сонце по оранжериите, и како јадам редовно, и како навечер сум покриена, за да не ми берат гајле, а тој да им ја испрати на моите во периодот кога ќе престојувам во Претор, како најелитно одморалиште во тоа време, барем за мене.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)