пие (гл.) - алкохол (имн.)

Наместо да оди работата на подобро сѐ повеќе се влошуваше. Почна да излегува и да пие алкохол.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
За жал, не можеше да пие алкохол заради терапијата што ја примаше.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тие пијат алкохол, постат само три дена за време Рамадан.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јас и ти бевме во ресторан на вечера со пријателите, беше задушливо зошто сите пушевме и пиевме алкохол.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Често бев клеветена на моите од мајка ѝ дека пијам алкохол.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не користам дроги и не пијам алкохол.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ај се симнеме доле, да лендуеме малку, да пиеме алкохол, да се заебааме...
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Се поткачивме на скалите од влезот во зградата на болницата, и така можевме убаво да видиме што се случува во централниот дел од паркот: таму десетина луѓе јаваа огромна риба направена од перници зашиени една за друга, и извикуваа: „Летаме! Летамееее!“, таму една старица држеше стаклено чевличе и прашуваше: „А каде е принцот, да провери дека ова чевличе му прилега како излеано на моето ноџе?“, таму во занес една старица и еден старец со огромни пеперуткини криља потцупнуваа де на едната, де на другата нога.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Знаеш дека не пијам алкохол.“ „Ни јас не пијам,“ рече. „Не знам зошто сега…“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)