пие (гл.) - и (чест.)

Сепак, се смири. Тој толку добро се познаваше со персоналот што често со нив пиеше и кафе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пиеја и децата и врескаа како шатчиња.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Пијам и некои апчиња, ама млекото си иде, дотекува, натекува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зашто, ако не сум направила ништо за себе во последните 3 децении, во една ноќ сум влегла во десеттина кафеани, од која едната специјално ми ја отворија само за да влезам во тоалет, па пиев и вино место чај (а, тоа не сум го направила никогаш!), шетав во парк по дожд, разговарав скокајќи од тема на тема за да стигнам да раскажам сè, се срамев, не се срамев, сакав да заспијам, не сакав да заспијам и, во едно деноноќие, ги доживеав двата изгрева...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И секакви работи што се требни. Ракија и вино пиеја офицерите, ама понекогаш пиевме и ние.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не пее но пие и Онисифор Мечкојад. Тагува по својот вујко а помагаше да го обесат. Сега си ја мие душичката со ракија.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Орлен Шумков беспомошно ги рашири рацете. „Кој каде. Борис Калпак пие и пее со својот булук.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)