пика (гл.) - во (предл.)

Тинејџерката: Важи, Тики, само ти да ми даваш ганџа кога ќе ми затреба.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тики: Значи, се договоривме. Тебе во слаткарницата те пикаат во тортата и те донесуваат на забавата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Околу маската се собираат муви и ѝ се пикаат во краевите на очите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Боге ја погледна зачудено, не Кате туку марамата, па ѝ ја грабна од рацете како само уште неа да ја барал; но, додека ја пикаше во торбата, настегајќи ја со колено пред да ѝ пукне патентот, почна да се смее - прво придушено, потоа сѐ погласно.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се слуша „јуриш“ ! И излегуваме од окопите. Одново се пикаме во шумата. Шумата јачи, татони од „урааа“ !
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И бегам од лединката. Се пикам во шумата. Се пикам, а во умот ми се врти Гоше Љубин.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И децата разгологазени ќе се пикаат во тланикот, ќе мешаат во пепелта, во жарјето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оти оган веќе не држи и деца веќе не плачат во таа куќа. Само бурјани трева, бозје и цволика ѝ се пикаат во темелите, во ѕидовите и ја поткопуваат отсекаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Реката што слегува од планината, врви кај патот, се лиже од неговите ѕидани потпори, а потоа под селото, го напушта и оди слободно низ полето, се витка како јагула и се пика во езерото.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Го нема на оваа страна каде што легна синоќа, а добро знае дека тука легна и дека пред заспивање ја пикаше во своите пазуви од што ѝ се рашири една леснотија по снагата па спиеше со благи соништа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Да не има благо на нејзиниот газ што сте се залепиле така? а тој се брани со раката од тие развртени рачиња, предупредувајќи ја Жено мори пуста да не бидеш, не ми го тепај сонот! и дозволувајќи ѝ и понатаму да ја тресе правта од него, седнува, си ги истрива очите и гледа дека навистина е на страната од Родна, дури нозете бакнати, залепени, па ги потргнува своите, ги поодалечува колку да блесне белината од Роднините листови и за да ѝ го одваби погледот на разбеснетата Милка проговорува како да се чуди и самиот Од каде да знам мори жено желки да те јадат, може ти си се преметнала на оваа страна, колку што го држам времето од синоќа, те пикав во пазувава, при завртување може си се свалкала на другата страна па јас сум останал на оваа! и за да се потсмири работата, се закикоти на цел глас.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Големата четирикатна куќа и нему му се пикаше во очите, меѓутоа, не му се насади во мислата оти во мислата од крај на крај Геле Колишев со мандолината му шеташе и како да му се потсмеваше дрнднувајќи по некој пат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Некој му се пика во мислата, го кара Е, полека, што ја поткревате вреќава!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А може затоа ме пика во пазувата за со рацете да стигне до неа, ѓомти случајно, а таа кучката, ќе се таи и ќе се насладува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога од станицата стигнаа пред зградава, додека сите се качуваа на првата плоча преку неколкуте басамаци, таа си рече Да признам што има ваму долу? чкртна со кибритчето, го наала кончето на свеќата, нив постојано ги пикаше во пазувата, и лелејавото пламенче дури долу по ходничето и таму лево во двете прегратки ги заваби сите. И гуските, се разбира.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
„Пак тоа ми се пика во носот!“ — се помисли Доста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој го продолжи разговорот, правејќи бразди со машата во пепелта пред себе: — Мори, невесто Митро, шо ми а пикаш во очите таа Рожденка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Добитокот што се подарува се дели: покрупниот се пика во шталата, а овците и јагнињата во трлото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Си реков човеков има потешкотии со сите тие листови што постојано си ги пика во носот за да ги прочита, а потоа, како да се згадил од прочитаното ги фрла тие листови од пред себе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бев уверен дека сето тоа го прави без систем бидејќи на неговата маса владееше вистински наос.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Снегот го штипкаше Илчо по обравчињата, му се пикаше во очите, му ја полнеше устата.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
и тука, слично на овие птици, крештеле, врескале, пискале, југале, фаќале заскитани добичиња ноќе, ги молзеле, им ја пиеле крвта, играле оро околу нив земајќи им го умот, се пикале во оџаците и гнетеле крпи за да им чади на луѓето; тука луѓето сега, на тие трски и шевари, после секој погреб фрлаат од умрениот: кошула, чорапи, капа, антерија, риза, убрус, скутник, шалче, шамија - за покус, за да не повлече умрениот и друг по него од куќата;
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Нови јата риби надоаѓаа и пласкаа во плитката вода крај брегот, прпелкаа како фатени во мрежа: се пикааа во трските, во шеварот, во водните растенија и испуштаа чудни шумови и клобурци над водата; шумеше водата како подземни извори да се креваат; пиштеа галебите и сите езерски птици кружејќи и налетувајќи на рибите; трчаа луѓето, довлечкуваа кошници, сепетки, кошови, вреќи, и ги полнеа со риби; довлечкуваа и магариња, коњи, ги товареа со риби, се грабаа меѓу себе, се караа, се пикаа во езерото, заграбуваа поголеми и попресни риби; ги соблекуваа кошулите, панталоните и со нив фаќаа за да не им се лизгаат рибите од раце; се крвавеа во прстите од нивните перки, од нивните крлушки, удираа по нив со ости, со вили, со виљушки врзани на стап за да ги скротат и да не им бегаат од раце; се мешаше водата со крвта од рибите и од рацете на луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Го гледаа секој ден по сончево време или по дожд како шета крај брегот, се пика во трските, шеварот, рошка со рацете низ гнилежот и врбовиот густеж и ја полни торбата со секакви дрвца што ги наоѓаше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Брзата струја го поземаше, го вртеше околу коренот на врбата, го пикаше во муљта долу, само не можеше да го излаже, тој ѝ ја дозволуваше на струјата таа игра само затоа што му беше убаво, оти му ги разбркуваше сите мисли од главата, остануваше само една: да не биде прелажан, навреме да насети кога таа сака сосема да го сплетка во жилите на врбата или муцката да му ја напика во тињата, ама тој тогаш со едно турнување со нозете и со едно замавнување со рацете како ѓуле излетуваше на плиткото веднаш зад врбата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Додека зборуваше очите ги пикаше во темниот агол на одајката, набрзина ги прошета по лицата на сите, а потоа ги врза за темницата чиниш аголот и темницата во него се некое огледало во кое гледа некои други, дамнешни лица, а не овие што се сега пред него.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Го отвора устето, замавнува и се пика во мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие се пикаат во метлата, се лепат, заглавуваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)