пишти (гл.) - од (предл.)

Не само што ми тежеше, туку и пиштев од тежината на јорганот на нана.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Облаци златокоси, дождови темнооки, Таги мои извишени, ноќи најглобоки, Што ми бегате штом ве иштам Дури лелекам, дури пиштам Од болки-додолки, од маки мартинки, Штом се стишам кога дишам Темното штом го рисам, За да светнам и да летнам, Како птица небесница, пеперуга златница Како миризлива стих-латица Како ѕвезда крилатица?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)