Зато и си велам стопосто уверен дека сум во право, оти вистината, во случајив, со каква и да е специфична тежина, сепак може да се сведе на обичен давеж!) И најсетне оној грд податок: уште првиот ден, при првата средба, професорот на ученикот му соопшти дека во нивната соработка ученикот нема право да бара додатни објаснувања, а не смее ни да помисли дека може да протестира.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Всушност наеднаш ме опседна помислата што досега не ми идела на ум: иследникот си замислил дека е професор и се труди да ме натера вистински да се чувствувам како ученик принуден да пишува писмена задача и тоа по предмет за кој се нема подготвувано бидејќи му е сосема туѓ а можеби и не му е по волја.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Притоа професорот заборавил дека на претходните часови не спомнал ништо во врска со писмената задача што претстои. ( А можеби и спомнал но ученикот заборавил.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)