Кога конечно се врати, тој реши да ја пишува својата Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Средба Има мигови кога солзите пишуваат своја приказна...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Камилски со нескриено задоволство ја забележа возбудата на Татко, кој веруваше дека никогаш нема да ја најде оваа значајна публикација за да продолжи да ја пишува својата Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И Климент Камилски, кој на почетокот беше речиси дел од процесот за конечна пресмета со опасните турцизми, со текот на работата ја разбираше комплексноста на процесот, уверувајќи се, сепак, во тезата, која претходно ја оспоруваше дека Балканот бил вообличен и од византиско-османската ментална синтеза.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На балканските ветромети Татко се увери, по доживеаните балкански и светски војни и падот на Османската империја, епохата на комунизмот, дека најпосле Балканците треба да си ја пишуваат својата историја, како хронологија на настаните, личностите, епохите или како историја на обичните зборови кои живееле во хармонија, дури и во сојуз со различните јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Би морале да го испитаме и начинот како ги пишувам своите текстови.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Но пред тоа Грците немаа букви на свој јазик, а ги пишуваа своите зборови со феникиски букви.
„За буквите“
од Црноризец Храбар
(1754)
И знаеше дека така, искрено, преку признание на своите заблуди и исправање на своите грешки, со соголување на душата своја пред верните на Христа, единствено и може да ги пишува своите писма до нив.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Откако ќе вечераа, тој вредно ги пишуваше своите задачи покрај топлиот шпорет додека на него се вареа белите алишта во големо тенџере.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Сигурно го пишува својот дневник...“ си мислеше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
По завршувањето на Филозофскиот факултет во Букурешт (1928-32) Сиоран ги пишува своите први филозофски текстови вклучувајќи се во „Генерацијата 27“ заедно со Елијаде, Јонеско, Вулканеску, Нојка, Цуце. 1934-та му излегува првата книга, На врвовите од очајот, барокна и експлозивна, незаобиколна и клучна за неговиот понатамошен опус.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Всушност, неговата незавршена книга можеше да се смета и за еден вид дискретен и ненаметлив апел до идните генерации дека Балканот треба да почне да ја пишува својата историја низ бројните документи и сведоштва, наместо да чека да ја пишуваат новите победници! Новите јаничари...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А кога неговите идеолошки противници, поради навредите на Де Гол, ќе побараат од него големиот филозоф да биде уапсен, прекалениот водач и војсководител ќе истакне дека вистината, не може да се апси, колку и да биде таа горка И започнав, на само една бела страница, да ја пишувам својата вистина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Татко првин сакаше Игора Лозински да го запознае со својот животен проект, да ја пишува својата историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Учеството на Мајка во балканската историја беше директно, посебно низ историјата на нејзините страдања во спасувањето на децата, на семејството, во времето на војните и на преселбите, додека Татко речиси целиот живот ја пишуваше својата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)