плаче (гл.) - по (предл.)

Како жени да тажат, да плачат по некого.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му беше мачно да плаче по напуштањата, па одлучи да плаче однапред.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Оние Меги и Душко од Студио „Пинокио”, приватното школо за англиски, се сјајни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Плачевме по пат во автобусот на враќање, толку многу ни беше убаво на летување што никому не му се враќаше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Многу се смешни старите луѓе. Плачат по крави - хо-хо! по глупави крави со четири нозе и опаш... Виски...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Вие плачете по пород, а јас мојот го напуштив.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Едно големо и разлигавено мрсулаво, плачливо дете кое плаче по играчката на сиот глас, а кога ќе ја добие таа толку убава играчка гневно ја фрла на земја и бесно ја гази сѐ додека не ја искрши до последното препознатливо парче.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ели сѐ повеќе го чувствуваше отсуството на мама и често и долго плачеше по неа, просто тагуваше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)