Во два налети султанскиот румеливалија заедно со охридскиот Ахмет – паша со четириесет илјади војници не успеаја да ги совладаат востаниците на Сули и мораа на крајот да побараат мир.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Човек ќе се понадева да замине, ќе го побара мирот, а потоа тој мир еве го претвора него во суштество тапо и исплашено пред одговорноста на одлуката што им ја соопштил на другите, како единствена и целосна вистина, дека заминува, ни помалку ни повеќе, заради пишување.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- Александар: Човек во положбата на Дариј, би побарал мир само ако го победам дење, само кога денот ќе ја осветли победата!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)