Помеѓу позначајните негативни промени се: лишувањето на мнозинството работници во претпријатието од правото да организираат штрајк без синдикат, условувањето на почетокот на штрајкот со потенцијално одолговлекувачката постапка за помирување, определувањето на работи кои не смеат да се прекинат за време додека трае штрајкот, овозможувањето штрајкот да биде судски забранет и работодавачот да побара надомест на штета од штрајкувачите.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)