Во битката кај местото Ипс во 301 г.пне. во централна Фригија, сојузот меѓу Касандар, Птоломеј, Лисимах и Селевк ги победил војските на Антигон и неговиот син Деметри и нивните територии ги поделиле меѓу себе.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
„Значи“, велеше Филозофот, „потписот од записот наш, оној од планината Папок на светот што се викаше бил лажен; Царот Дариј не бил автор на записот, негов сочинител, туку Соломон; кога Дариј ја победил војската на непознатиот непријател, знаејќи за записот на планината од ини времиња, решил само да го избрише потписот „Соломон“ и да го испише своето име, „Дариј“ велеше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)