Пак поведува разговор, околу петнаесетина минути, за државни работи.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Денес, ете, можат да поведат разговор, без дополнителна воена аргументација, Дионис и Аполон; романтичкиот и класицистичкиот светоглед можат, во рамките на истата ментална клима на времето, да ги изнесат сите свои причини, ослободени од обврската да се борат за духовна превласт. (...) Идеолошки релаксирана, постмодерната нема потреба за ново име и некаков манифест.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
По неколкуте неуспешни обиди да поведе разговор со Марија, на Елена ѝ беше толку тешко, што немаше желба да разговара со лекарот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ние нестрпливо го очекувавме мигот да се поведе разговор за Чанга и козите. – Чанга се врати – прифати татко ми – но проблемот со козите останува.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
За што и кому требаше да му послужи ваквото објаснување на неговиот другар секретарот Јаким ако М. Ѓурев не престојуваше спомнатиот понеделник во таа проклета канцеларија на Јаким и ако не ја видеше белезицата на раката на Ботка и ако не беше поведен разговор за таа скапоценост?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)