Во тоа, да им поверува на Дамческите дека Јован нивни не е потурчен туку е земен војска, Руса имаше основана причина.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
66. Бератите за владици се дадоа и ние заслепените Македонци ѝ поверувавме на Бугарија оти таа со нејзината „самостојна“ политика ништо друго не прави, туку одржува политички победи и нѐ облагодетелствува нас Македонците. – Арно ни ги замачкаа очите. – Но не поминаа ни 5-6 години кога се отрезнаа Бугарите од своето занесување во „самостојната“ политика.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Не можев да си поверувам на очите.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Ако ѝ се поверува на последната прикаска како на неоспорна вистина, случајот со коњот што љубел вино е сосема поинаков, речиси дури и понеобичен отколку во другите раскажувања.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Не можев да им поверувам на ушите; свеста ми се виеше, срцето не ме слушаше, душата ми пламтеше во некаков непознат оган.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Никогаш тој не би му поверувал на овој ибн Пајко, па дури и ваков сребрен ибрик во биљурно коритце да му донесеше, како и сега нему.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Рибарите шетаа со чуновите по езерото и не можеа да се изначудат и да им поверуваат на своите очи дека селото го нема.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
8. ШТОМ ИЗЛАЖЕШ ЕДНАШ, НЕ ТИ ВЕРУВААТ ДОВЕК - теориски би можело и така да се каже, во практика, пак, еднаш му поверуваш на човек а потем до смртта тој сѐ туку те лаже ...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Змија! Некои му поверувале на вториот видовник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не, Симон Наконтик секако згрешил: на далечните планински врвови, подолу, снегот уште блескал а грчот на ветрот не ветувал скоро цутење.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Знаете и самите дека никој умен не се откажува толку лесно од својата љубов. А вие сигурно ја сакате Јана”.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Кој може да ѝ поверува на вашата широкоградост?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не можејќи да и поверува на глетката, а десет пати измрморил мошне гласно: „Неверојатно!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Само што си го беше купил својот прв грамофон и таков наивен каков што си го дал господ, сè му поверувал на продавачот - посебно, дека грамофонот можел да го репродуцира секој звук, Хај-Фај, демек. 114 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Со еден збор, беше убеден дека го има Совршениот грамофон.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Како да поверуваш на толкава несмасност?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А Прозорецот остана здрав. Не можев да си поверувам на очите.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А потоа во ова тврдење имаше и една голема измислица.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ќе му поверувам на човекот. Ај, може и ова ќе помине, ќе си речам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)