повлече (гл.) - во (предл.)

Старецот нечујно тргна по него и, одбирајќи момент, се фрли врз него.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Момчето беше моментно зашеметено, или попрво парализирано од страв; лежеше на тревата под мртовецот; неговите отворени очи на кутре гледаа во старецот, но свеста на момчето се беше собрала и повлекла во една точка.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Откога ручавме молкома, татко ми се повлече во својата соба на вообичаената починка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И војската беше повлечена во касарните. Нејзиниот главен дел беше сместен околу Калето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ми иде да ѝ се предадам да ме повлече во себе, но зелената макар колку да заплашува со својата блештавост и секавичност со која надоаѓа, ме подмамува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Домашните се повлекоа во другата одаја.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Нека дојде, ако е тука, и Пере Тошев.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Немаше многу луѓе со кои би зборувал, но и да имаше, пак не ќе зборував. Се повлеков во себе, многу молчев. Не можев ништо да смислам, а уште помалку да сторам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, по пат, изгледа, изумив да спомнам дека барајќи го проклетиот влез на зградата, каде придавката „проклет” има многу повеќе од само доопишувачка епитетна вредност, размислував за човекот кој беше толку музички талентиран што не можеше да го издржи притисокот и товарот на славата, па реши да се повлече во манастир и целата своја неродена музика, сиот талент што Бог толку дарежливо му го беше доделил, реши да му го врти нему.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Иако го ослободуваат од обвинението, не прифаќа повторно да биде учител и следните неколку месеци се повлекува во некој манастир покрај Виена, работејќи како градинар.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се чини дека децата го сакале, но не и родителите, така што против него е покрената постапка со обвинение дека премногу користел физичка казна.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Луѓето се веселеа, се слушаа убавите Штраусови валцери, по паркетот се влечеа долгите фустани на дамите, со разиграни фризури, распеани и лични, така што сето тоа здивот ми го земаше и си помислував колку би било убаво да се биде овде - но заморот ме принуди да се повлечам во хотелот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Беа тоа наши комшии, наши познајници, муштерии во книжарницата на татко ми, кој веќе не сакаше да оди в дуќан и сосем се повлече во себе, па и онака не многу разговорлив, дозамолча.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Поп Стојан, не сакајќи да падне во рацете на Османлиите се самоубил, селото Разловци било изгорено, а четата на Беровски била пречекана и разбиена, а тој иако ранет успеал да се повлече во Осоговските планини во областа Пијанец по што востанието било угушено.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По угушувањето на востанието положбата на населението уште повеќе била влошена.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Територијата на Македонија станала прибежиште на Помпеј, кој по раскинувањето на сојузот со Цезар, се повлекол во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Под водство на Дража Михајловиќ тие се повлекле во планините.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Првата македонско-косовска ударна бригада која по борбите во Февруарскиот поход се повлекла во делот на Македонија под Грција во областа Меглен, добила задача да се пробие во Западна Македонија, да ја обнови слободната територија од 1943 година, а потоа да дејствува кон Централна Македонија, да ги пресече патиштата од јужна Албанија кон Скопје, што им служеле на германските единици за врска и снабдување.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Доколку до крајот на јануари 1943 година не се воспоставило контакт со четничката група во Пореч тие сметале дека може да се извршат подготовки на спуштање на мисија во Приштина. Ibid. 58 По капитулацијата на Кралството Југослаија и на Кралството Грција во април 1941 година, британските агенти кои се наоѓале на територијата на Југославија и Грција се повлекле во Турција каде добивале информации за состојбата во окупираните земји од патниците кои пристигнувале од тие земји. 59 PRO HS5/887. 60 Денес Делчево. 61 Се однесува на активноста на Прилепскиот партизански одред. 62 PRO HS5/887 63 Ibidem. 64 Ibid. 65 Ibid. 66 Ibid. 67 PRO HS5/886/ 68 PRO HS5/887 69 Ibidem. 70 Ibid. 71 Во документот не е наведено местото каде е спуштена оваа група.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
На 20 јуни тие и повлекле сите свои трупи и се повлекле во градовите.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Веќе следниот ден Поп отиде во американскиот културен центар во потрага по литература, а Марсо и јас почнавме да го промовираме ликот на Маклабас во „Неидентификуваното шоу на Калиостро и Кракатау“ измислувајќи безброј мали епизоди во кои Маклабас се појавуваше како лик на здивен балкански политичар кој освестувајќи се за реалноста на нештата се повлекува во шумите на „Маусдонија“ и почнува да живее како диво суштество кое себе се става во улога на извршител на некаква сопствена ирационална правда.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Можеби okno.mk | Margina #26-28 [1995] 118 ќе се повлече во последен момент.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Само ѝ реков дека не се чувствувам добро и си се повлеков во мојата соба, оставајќи ја изненадена и тажна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Срната, веројатно исплашена од огнот, се беше повлекла во најтемниот агол од сопчето и таму лежеше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Глупак! Ќутук! - свика и се повлече во колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Птиците и другите мали животни, кои секогаш беа гласни кога уживаа во бавчите на Адам, се повлекоа во своите гнезда и легла и му дозволија на дождот да го опсади нивниот рај.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И се повлекол во одајата своја па сочинувал нешто цела вечер во некаква книга.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога Ѓурчин ми соопшти дека ќе сум морал да ја напуштам фотелјата и да се повлечам во предвремена пензија јас и нему му реков дека тоа е можеби најдоброто решение.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зар ќе се изразев така ако не бев фатен за тој Пребег, и тоа изгледа со двете раце.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога го спомнав воденичкиот камен веројатно мислев на умот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И притоа уште додадов: "Знаеш, другар, повеќе и не сум сигурен што ми мели воденичкиот камен".
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и пред да се повлече во 1990 од универзитетот Беркли во Калифорнија и од сојузниот институт за технологија во Цирих, каде што држеше поврзани состаноци, тој ретко прифаќаше интервјуа - дури ретко и одговараше на телефон.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Навистина необично, но 69 годишниот Фаерабенд, секогаш и се измолкнуваше на јавноста.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Претпазливо ѕирна низ сивиот плот потоа ја отвори дрвената врата и ме повлече во дворот, во густ босилек и во некое жолто ситно цвеќе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Вечерта кога татко ми и Вера се повлекоа во спалната, ми се чинеше како уште еднаш повторно да ја загубив мама и неутешно плачев, напрегајќи ги очите во темнината да ја гледам нејзината слика.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
„Тоа е дело на божјото живинче, на малото црно глувче“, си реков и се повлеков во себе задоволен.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„‘Тоа е дело на божјото живинче, на малото црно глувче’, си реков и се повлеков во себе задоволен.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Меѓутоа, веднаш се повлекува во кујната, затоа што се отвора надворешната врата и во собата, без здив од трчање, влегува Милка.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Остана, сѐ дури не помисли на себе. Остана, сѐ додека не се прибра од сите страни, каде што беше расплинат, сѐ додека не се најде застанат и заблуден во таа темнина. Сега се повлече во своето легло.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш нему на малиот Змејко, му се стори просто како да го виде црвениот лав на сонцето како се повлече во тревите и како остана спружен, а деновите од тоа добија нешто потпечено и безбојно. Како усни на жед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како најстар планинар, по извршената контрола и гаснењето на огнот, последен се повлече во својот шатор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пред да се повлечат во своите одаи, Јана им вети разгледување и прошетка низ селото наредниот ден.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сонот за миг го повлече во длабочината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Токму, кога се подготвуваше да се повлече во куќата, бидејќи почна да заладува, од претсобјето кон летниковецот се разнесе звукот на килибарниот телефон.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа е миг кога окото човечко е под опсада само на едно делче на светот пред кое другите нешта престануваат да живеат - светлоста се повлекува во темница, звукот се затвора во школка на тишина, мислата останува скаменета, нема небо, нема земја; сѐ е магла во која, дури и без тебе телесен, живее единствено предметот на твојата еуфорија со која само среќните старци и се предаават на смртта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога ќе пресмета дека човекот и е грешка, ќе го повлече во своите бездни и ќе ослободи место за посилни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа ги тера луѓето што го поседуваат едноставно да се повлекуваат во сопствените скривалишта, за да се засолнат од ненаситните мршојадци и крвопијци.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Балканската историја го повлече во својот лавиринт и тој повеќе никогаш не најде излез.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако се поздрави со гостинот, Мајка се повлече во својата соба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Набргу се повлекол во пензија и починал во родната Корча.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќе се повлечеа во своите соби ако не станеше она што стана двапати пред тоа: по третпат гласно `рзнување се пропна на задни нозе како пред скок и удри во прерано испукнатиот таван. „Тоа чув“ , им рече непобеднички додека тие молчеа онемени од морничавост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И јас со левата ја дофатив раката на Полјакот, и сега морници ми поминуваат кога ќе се сетам, левата нога ми беше врз карпата а десната сè уште во лет, кога тие ме пречекаа и ме повлекоа во една длабнатина во карпата, голема како соба.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
ПУКАЊЕТО ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
По некое време нашата единица ја повлекоа во Ѓорче Петров.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сите тројца се држеа за рака и ме бодреа велејќи ми: Не плаши се, ние тројцата не те даваме да паднеш долу.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Наредија мажот што нѐ возеше во коњската кола да се повлече во аголот на десната страна од шталата. Таму го заклаа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Првите денови, кога нешто ќе спремев, и ќе ставев на маса, тој ќе ја земаше својата чинија и ќе се повлечеше во собата, или пак ќе јадеше отпростум, свртен на некоја страна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Најмногу заради тоа што и самиот Хелвиг сите овие месеци се повлече во себе.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И тука, како и на Црна, паднаа доста Турци, но бројот беше толку голем – над 500 – та бунтовниците со сите жители од Старавина се повлекоа во старата римска тврдина Пешта.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По 1984-та поголемиот дел од луѓето се повлекоа во илегала или исчезнаа во медиите, додека ADILKNO се префрли кон истражувањето на магичниот свет на медиите работејќи врз картографијата на медискиот простор и на феноменологијата на многуте тајни катчиња и фигури загубени во тој простор. 1992-та ја објавуваат книгата “Medienarchiv” - собраните есеи за теорија на медиите, а 1994-та излегува книгата “Datendandy”.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
СИМКА: (Следена од другарките и мајка и, се повлекува во другата соба, додека другарките ја продолжуваат песната.) Не ли ти велев, девојко, не оди често в комшии, комшии ти се душмани.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
На ти и тебе, бре ајдамак, да пораснеш голем!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ги склопи очите и се повлече во темница во која сакаше да пронајде што станало пред тоа. ...
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
XIV По незаборавната вечера, Татко, Игор Лозински и Цветан Горски, се повлекоа во библиотеката.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ја враќа плочата на почеток и повторно се повлекува во сенка.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Додека, во стерилизираната просторија, меѓу човечките фигури од песок, залудно се обидуваш да ја доловиш тајната на прастарото топче, боличарите, роднините и останатите повлекуваат во заштитничкото гнездо.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
После часот се повлече во Библиотеката и оптегнат во својата фотелја, ги затвори очите.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Ноќта, кога се повлеков во својата хотелска соба, ми стана јасна причината зошто така глупаво се однесував: Надица носеше друго леце од она што го очекував!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Човекот се среќава со сопственото стареење секое утро, во огледалото, но не го забележува, токму зашто е секојдневното (освен ако не бил буден или напиен претходната ноќ, па и тогаш знае дека подочниците ќе поминат со првиот добар сон).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Нечујно се повлече во мракот, што ја пригрли како зрнце светлина чиј отсјај и натаму топлеше.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
По смртта на мајка му, уште повеќе се повлече во сенката.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ричард Флод Дневниците на Енди Бјанка и Халстон сега личат на вистински пар. Како од романса.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Уметноста се повлече во цитаделите на културата од каде се појави дури од неодамна; рок културата беше пратена во прогонство на Main Street; и повеќето од децата на Фектори, меѓу кои и јас, избирајќи помеѓу Кејт Ричард и пост-минимализмот, се определија за музиката. (...) Но идејата останува заедно со Ворхоловата осудена на пропаст визија, така што мислам дека некаде во музејот на Енди Ворхол, треба да постои оваа, налик на пештера сребрена соба со бели излупени цевки и нечист под.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Моменталната можност што ѝ се даде на оваа култура умре 1968-та, нешто подоцна прогресот на високата уметност и музиката од улицата дивергираа за првпат во деценијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Незадоволен и потиштен се повлече во осама.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Влатко немаше време да се вклучи во разговорот на родителите: се повлече во својата соба да ги напише домашните задачи, да ги повтори лекциите за петте часа - а шестиот ќе е ликовно - треба само да се подготват блокот и приборот. ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во еден миг застана реката, го исполни коритото, се поткрена на бреговите, разгледа наоколу: што се случи, се прашува самата, каде е човекот, и со денови шеташе сама низ полето, ги раскопа друмовите, ги раскорна плочите, а кога му ги откри трагите таа се повлече во коритото, спокојна и плавна, загледана во човекот што го чита Борхеса: тенкото жуборење на водата што го довикува споменот на пустината.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Истовремено, земјата морале да ја напуштат и странските агенти, а меѓу нив и британските, кои се повлекле во Истанбул и Анкара.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По капитулацијата на Кралството Југославија тоа беше поделено меѓу Германија, Бугарија, Италија и Унгарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По искуството што го имале на европската почва по завршувањето на Првата светска војна и неуспехот на политиката на Вилсон со неговите „Четиринаесет точки“, САД се повлекле во изолационизам*, кој во почетокот на Втората светска војна сѐ уште имал свои приврзаници во САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ме спасиле во последен момент, кога веќе алигаторот се подготвувал да ме повлече во длабочините.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кучињата толку им се вдадоа што тие се повлекоа во ѕидот спроти портата и оттаму се бранеа мафтајќи со цевките од пушките сè додека тетка Фора не излезе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Го рече тоа и се повлече во земјанката.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Војниците почнаа да се повлекуваат во окопите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Зошто пушката ти лежи фрлена? - праша и се пресегна преку него, ја грабна, се повлече во поврзниот ров, ја погледна. - Закочена, - рече прекорно.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Дозакопчувајќи се, тие се уверија дека војската им е на нозе и се повлекоа во канцеларијата каде што телефонски се информираа и бараа инструкции што да прават или што да решат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Вчудоневиден до замаеност, Едо Бранов писателот се повлече во својата работна соба, седна на фотељата и зеде да го прелистува ракописот несвесен за успокојувачките тонови на рагата на Рави Шанкар.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Страчката и мачката се меркаа така уште некое време и, сигурно затоа што на страчката играта ѝ стана здодевна, летна во гранките губејќи му се од погледот на авторот, а мачката разочарано постоја така на гранката и полека се повлече во круната на дрвото.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Всушност, сѐ си одеше по редоследот, но не баш по очекуваниот пат, ако внимателно се навратам на моите зборови и мисли, како на пример кога самата си реков дека сакам малку да се повлечам во Истокот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Битола, 11 мај 1903. 146 Цапарци храбро се бореле, но изненадени од надмоќниот непријател, биле принудени да го напуштат селото и да се повлечат в планина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Стравот и недовербата биле толку големи што бил доволен и најмал повод населението веднаш да се повлече во своите домови, сообраќајот сосем да престане и делумно отворената чаршија да се затвори.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Потоа тој одеднаш пак стана строг и им нареди на своите морнари да се повлечат во кабините.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)