повлече (гл.) - назад (прил.)

Ова ги узбуни сите војници и им го повлече назад вниманието.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се направи во главите на офицерите и чаушите една збрка,та први тие летнаа да бегаат надолу.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас се повлеков назад во ходникот да не ме видат, но сепак до мене допреа нејзините зборови.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Трагата крие толку, колку што и покажува, се повлекува назад, не се презентира.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ја ставаше напред како во извидница, како во одбрана, но не со некоја голема сигурност, туку со една резерва, готов, ако треба, да ја повлече назад.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога се обиде да ја крене главата неочекувана остра болка му ја повлече назад на перницата, каде што остана да се одмора со чувство на тапост и тежина, со придушени удари во слепоочниците, а челичен обрач му го притискаше челото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Понекогаш ќе заземеа предизвикувачки став, ќе си ги истегнеа накострешените шии, ќе си ги исчистеа пердувите, долго ќе гледаа еден во друг, но секогаш едниот или другиот ќе се повлечеше назад.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ја зграпчив за косата и ја повлеков назад; таа офна и падна; јас го фрлив шишето во ѕидот, тоа се скрши, и јас веќе следниот миг нафрлив врз неа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бргу се повлече назад. - Готово, атентаторе! Го заслужи орденот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И само што ја подигна пушката, не успевајќи ни да почне да нишани, а волкот се повлече назад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Меѓутоа, ако вашето разбирање на времето потребно некој да ве повлече назад е толку искривено што изгледа дека трае бескрајно долго, наместо неколку секунди, каква ќе биде вашата реакција?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Џорџ Смит ја отвори устата, потоа ја затвори, ја пружи раката па ја повлече назад.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)