Врати се, приповрати се, и после ај, кај Доксима Тренчески, до ниедно време.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Па чинам поврати се околу постелата Ѕвезданова, испули му се убаво и слези долу кај кравата, кај телото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Чинам пооди и пак поступи се. Подоближи се, па поврати се.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- ти се молам, мила ќерко, поврати се дур е време - оти ти си многу млада - многу млада росен цветец - ај, погледни уште еднаш - проговори уште еднаш - да ми дадеш проштевање - на мајка ти некадарна - од болките да те варди - од болките да те спаси - леле, леле јас сирота - што сум била таксирлија - што ме најде небиднина - ај, со тебе јас да легнам - да те топлам, мила ќерко - како в земја да те легнам?
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)