Го пушти на земја, му ја одметна маузерата, му ги сопаша коланите со најголема брзина и го остави трупот, со желба да му се поврати животот на овој маченик, мислејќи дека навистина и тој умира за сметка на беговите, пашите и султанот. Ho неговите 'рслански шепи му ја извадија душата и тој не мрдна веќе, како што нe мрдна ни овчарот од Белоперевци по Најдовиот удар со секирата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)