Се приближија, Христина го викна Тодор, кој веднаш стана, а Томаица не можеше да се воздржи да не погледне накај Петар кој веќе гледаше во неа со неговите длабоки и топли очи насмевнувајки се нежно.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
- Мајчице мила, да застанеме... уште еднаш да се свртам... да погледнам накај сртовите... можеби сега заслегува - брза да нè втаса... душава ми гори по него, мајчице...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
- Ама најубавото ми е, - Дора погледна накај другите чиничиња наредени врз тревата, мислејќи дали би ѝ дала некое мало тавче, некое лажиче, како што претходно ѝ имаше дадено на Ане една кукла и еден комплет од моливи.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Немав каде да одам на друго место.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Погледна накај куќата да види да не е дедо ѝ случајно на прозор, за да ѝ помогне. Не беше.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Дора погледна накај куќата да види да не иде случајно накај нив бабата на Ане.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Уште веднаш ми стана страв да ја гледам и повторно погледнав накај чинијата, но го слушнав гласот на свекрва ми: - Па, види ја ти Маци, сака ти да ја раниш.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
„Што му станало?“ го запрашав Влатко. Тој само поткрена раменици и прашално погледна накај Ташко.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Кога? Како? И никому да не речеш?“ „Сакав да ве изненадам“ - Влатко погледна накај Теми која стоеше малку отстрана.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
А потоа пак се запали светлото над тажната трпеза на која еден татко, зашеметен од болка, ги набљудуваше вомјазените лица на трите деца коишто не се осмелуваа да погледнат накај вратата низ која мајката влегуваше секоја вечер, носејќи чинија што испарува.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Што бара? Сопчето, сопчето, ако не е издадено! Не, не за себе, не за да живее во него!
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)