Не само механички, веќе не знаеше кога го лизнува прстот за да ја преврти страницата, а кога посега по чашката за да отпие од вињакот или кога ги подава прстите за да собере некоја семка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Јас одново ги подадов прстите кон неговото рамо, но тој ги оттурна со раката уште пред да го допрам, и додаде: “Не сакам да те видам никогаш повеќе.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Посакав да го повредам. Посакав со неколку зборови да му нанесам исто онолку болка колку што тој ми нанесуваше тие месеци.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Погледни, - Кузе ги подаде прстите - си ги исчукав со чеканот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Их, мајката, и старецот во оваа црвена хартија гледа знаме. Види го ти него, слепецот...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)